Вучиќ за францускиот весник „Фигаро“: Идејата за рамена на територии е мртва

Идејата за размена на територии е мртва, изјавил српскиот претседател, Александар Вучиќ за францускиот весник „Фигаро”.

Меѓу другото тој зборувал и за средбата што ја оствари со Тачи на 13 ноември со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон. Вучиќ вели дека не е оптимист за постигнување на финален договор со Косово, но дал дознаење дека бара нешто за возврат.

-Ние на константен начин се обидуваме да најдеме договор, но Приштина не се вознемирува, оти тие се грижат само за своите интереси. Тие сакаат Србија да ја признае независноста на Косово, а Србија да не добие ништо за возврат- изјавил Вучиќ.

Во врска со таксата, Вучиќ рекол дека такво однесување не е цивилизирано.

-Ако тие мислат дека нивните уценувања може да имаат некој резултат. Кажувам дека грешат- изјавил Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот