Вучиќ – Волтерс: Комуникацијата на Војската на Србија и КФОР клучни за стабилноста

Фото: Фејсбук

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во разговорот во Белград со врховниот командант на НАТО за Европа и командант на европската команда на американските сили, генералот Тод Волтерс, оцени дека мировните сили во Косово под водство на НАТО се гаранција за безбедноста на српскиот народ во Косово.

Како што соопштија од прес службата на српскиот претседател, тој побарал началникот на Генералштабот на српските вооружени сили во секое време да може да стапи во контакт со командантот на КФОР и во исто време прифатил врвот на српската армија да биде достапен за комуникација со КФОР.

Генералот Волтерс прифатил во секој момент, без одлагање, да постои можност за меѓусебна комуникација, бидејќи тоа е важно за одржување на стабилноста во регионот како еден од столбовите на глобалната стабилност.

Вучиќ на средбата посочил дека соработката на српските вооружени сили со НАТО во рамки на програмата Партнерство за мир е во заеднички интерес и изрази надеж дека ќе се унапреди со цел да се изградат капацитети за придонес кон меѓународниот мир.

Во овој поглед, Вучиќ нагласил дека е усогласен новиот циклус на Индивидуалниот акционен план на партнерството, се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот