Вучиќ во колумна за „Политика“ жестоко удри по опозицијата

Без оглед колку убедливо ги губат изборите, виновен е народот, бидејќи ние сме глупавиот дел на Србија, за разлика од нив, ништо не разбираме и затоа не можеме да носиме вистински одлуки, пишува српскиот претседател Александар Вучиќ за опозицијата во негова колумна „Елита и плебс“ објавена во весникот „Политика“.

„Очигледно нервозни поради фактот што превратите не им успеваат, дека поддршката на народот е спротивно пропорционална со уништувачките напори што ги преземаат секојдневно, политичките квазиелитисти, прибегнаа кон проверениот, некои донекаде со право, би рекле, фашистички метод, на поделба на народот на супериорни, оние на кои им припаѓаат, и на инфериорни, на оние кои никако не можат да победат“, пишува Вучиќ.

Тој оценува дека во „последните денови и недели границата е премината, на секоја политичка и елементарна пристојност, во сеприсутната кампања на омаловажување на сите оние кои мислат поинаку од оние кои што во српското општество, поради некоја причина мислат дека и припаѓаат на елитата, на мислечкиот, социјално и ментално еманципиран слој на општеството.“

„И кому, на крајот на краиштата, му е грижа за милионите евра кои беа украдени од припадниците на таквите квазилити, кому му е гајле за илјадниците фабрики кои ги уништија, што донекаде има логика, бидејќи во овие фабрики постојат само места за глупави, грди и без заби, а тие се таму да мирисаат пари, мамат некои наивни Кинези и да решаваат за сè“, истакнува Вучиќ во авторскиот текст, констатирајќи дека „се добро смислиле за народот да цркне, додека тие убаво треба да живеат.“

Тој пишува дека е подготвен да го брани правото на секој човек во Србија да не биде, како што рече, газен, плукан и прогласен за помалку вреден, како и правото на народот самиот да бира, што, според Вучиќ, народот го знаел тоа и дека ќе го знае и на следните избори.

„Затоа, кога повторно ќе кажам дека ги презирам ќе биде јасно зошто тоа го правам. Затоа што тие ја презираат Србија“, констатира Вучиќ во авторскиот текст за „Политика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот