Вучиќ вечерва во Берлин се состанува со Гренел

Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива на Гренел.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе учествува на 56-тата Минхенската конференција за безбедност, каде ќе има серија билатерални средби со официјални претставници од светот, претставници на меѓународните организации и компании, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ најави дека вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на претседателот на САД за разговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, со кој, како што кажа, ќе разговара и за можноста за постигнување на договор за воспоставување на железничка линија меѓу Белград и Приштина, додолку се договорат сите детали на таа иницијатива на Гренел.

Во пресрет на конференцијата во Минхен, Вучиќ оцени дека конфренцијата е од големо значење за Србија, бидејќи ќе може подобро да процени кои се „понатамошните чекори на Приштина, кои се чекорите на Германците, Американците и на сите други во меѓународната заедница”.

Соговорници на Вучиќ ќе бидат и в.д. помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, како и некои истакнати американски сенатори.

Исто така, претседателот на Србија ќе разговара со Дејвид Вадефул, шеф на работната група за Западен Балкан во германскиот Бундестаг, како и со советникот на германската канцеларка Ангела Меркел за надворешна политика и безбедност, Јана Хакер и со други политички претставници.

Српскиот претседател ќе учествува и на тркалезната маса за безбедност на Балканот „Координација, соработка, консолидација? Поттикнување на напредокот на земјите од Западен Балкан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот