Вучиќ-Вархеји: Новата методологија е голема шанса за Србија

Вархеји, преставувајќи ја новата методологија на пристапниот процес, изјави дека „негова цел е барем една земја на Западен Балкан, за време на неговиот мандат, да биде подготвена за влез во ЕУ.

Србија и Црна Гора, како земји кои се најдалеку во преговарачкиот процес со ЕУ, може да изберат дали ќе продолжат да ја користат веќе потпишаната преговарачката рамка или ќе ја прифатат новата методологија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, дополнувајќи дека симпатиите се на страната на новата методологија,

Како што јави допсникот на МИА од Белград, Вучиќ на прес конференцијата изјави дека Вархеји му го претставил првиот дел од новата методологија, додавајќи дека „сега не може да ги има сите параметри и дека ќе продолжи да ја проучува новата методологија и ќе донесе конечни одлуки во наредниот период.”

– Од ова што го видов, сфатив дека имаме многу шанси. Ние ќе мораме да разговараме, да разбереме и ќе го почекаме (Самитот во) Загреб, да видиме што добиваме ако завршиме еден кластер, оти без тоа не можеме да направиме „сметка”. Затоа е тешко да се добие конечен одговор од Србија пред да дојде Загреб и да видиме што добиваме, а што губиме. Затоа ќе покажеме трпеливост, знаејќи ги добрите намери на Вархеји и на францускиот претседател Емануел Макрон и на други кои и сакаат добро на Србија и на регионот, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека го информирал Вархеји и за „иницијативата за мини Шенген”, за идејата дека Србија, заедно со некои земји-членки на ЕУ, сакаат да станат дел од Шенгенскиот договор, што ќе биде од големо значење за нејзините граѓани.

– Србија може во безбедносна смисла да гарантира важно и ефективно влијание врз безбедноста на целата ЕУ. Ние би сакале поголема поддршка од Европската унија и пристап до европски фондови и ќе дадеме сè од себе ова да го направиме, кажа српскиот претседател, на што Вархеји одговори дека регионалната соработка е „добродојдена” и дека иницијативата за „мини шенген на трите премиери е добра и оти ги охрабрува земјите да учествуваат во тоа, со отварање и кон на другите земји во регионот.”

Вархеји, преставувајќи ја новата методологија на пристапниот процес, изјави дека „негова цел е барем една земја на Западен Балкан, за време на неговиот мандат, да биде подготвена за влез во ЕУ.

– Геополитиката започнува во нашето соседство во срцето на Европа, во Западен Балкан. Добро е што сум тука (во Белград) затоа што сакам да ги зајакнам нашите пораки и нашите врски со земјите на Балканот, особено со оние што се веќе во процес на преговори за пристап, затоа што постои напредок и јас сакам да го забрзам, работејќи заедно со Србија, кажа Вархеји.

Тој кажа и дека вториот столб на планот на ЕУ, кој ќе биде објавен наскоро, е отворање на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

– Потребно е да се работи на ажурирање на извештаите за двете држави со цел да се добие „зелено светло” за отворање на поглавјата до Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Третиот столб, како што рече, е нова стратегија за економски развој и инвестиции за целиот регион, со цел да се забрзаат и приближат економиите на Западен Балкан до ЕУ.

– Да им помогнеме на државите да создадат пазарна економија, која е отпорна, функционална, да ги подигнеме на повисоко ниво, да создадеме економски раст, отворање на работни места, затоа што овој регион има огромен потенцијал и ние треба да работиме заедно, кажа Вархеји.

Еврокомесарот Вархеји и српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, денеска во Белград потпишаа Договор за проектно финансирање на ИПА фондовите за 2019 година во вредност од 200 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот