Вучиќ: Трамп ќе ја дава вакцината бесплатно за пензионерите, ние бесплатно за сите

Вашингтон, САД / 4 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по седницата на Претседателството на СНС изјави дека до март во Србија треба да стигнат до 350.000 вакцини, што е доволно за 175.000 лица, односно ќе може да се покрие здравствениот систем, како и поголем дел до војската и полицијата.

„Мораме да пробаме пред Нова година да ги набавиме вакцините за да можеме да им помогнеме и на пензионерите и оние луѓе кои се најзагрозени“, објасни Вучиќ.

Тој изјави дека е важно да може да се обезбеди безбедност и здравје за граѓаните.

„Јас ќе ја примам вакцината од првиот производител кој и да е тој, Ана од вториот, некој друг од третиот, буквално ни е сеедно. Само ни е важно луѓето да можат да ја примаат вакцината“, рече Вучиќ.

Тој соопшти и дека вакцината ќе биде бесплатна за сите и дека ќе биде платена од државата.

Претседателот Трамп вели дека пензионерите ќе ја добијат вакцината бесплатно. Ние на сите ќе им ја дадеме бесплатно. Прво здравствените работници ќе добијат задолжителна вакцина, па војската и полицијата. Кризниот штаб ќе направи распоред каков што треба“, објасни Вучиќ.

Извор: Недељник.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот