Вучиќ свика итен состанок по оставката на Харадинај

Фото: Немања Николиќ/курир.рс

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна вечерва со претседавачот и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и своите соработници, веднаш по информацијата за оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, објави Танјуг.

На состанокот присуствуваат и министерот за одбрана Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и генералниот секретар на шефот на државата Никола Селаковиќ.

Вучиќ утре ќе се обрати по повод оставката на Харадинај и нејзините евентуални импликации.

Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка, а како причина ја наведе поканата на Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот