Вучиќ стана студент по втор пат

На својот Инстаграм профил, претседателот на Србија Александар Вучиќ, објави дека станал нов студент на Високата спортска школа за стручни студии.

– Втор пат во мојот живот станав студент, овој пат –  Вишата спортска школа за стручни студии, со желба да станам кошаркарски тренер за деца, стои во објавата на Инстаграм.

Тој неодамна за прв пат во интервју откри дека има намера да стане тренер на кошарка.

– Нема ништо поубаво отколку кога ги поминувате сабота и недела со млади играчи, со некои деца кои можат да научат нешто, рекол Вучиќ и истакнал дека може и да го следат кога ќе полага испити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот