Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но нема да оди против сојузниците

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека земјата останува на европскиот пат, но дека „нема да оди против сојузниците и оние кои и помогнаа за време на пандемијата”, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ние ќе се држиме до нашата слобода и независност, ќе работиме и со Кина и со Русија, истакна Вучиќ на отворањето на панелот „Светот по короната” во рамки на иницијативата на Белградскиот стратешки дијалог.

– Ние правиме се што е можно за да го зајакнеме нашиот европски пат, без оглед на фактот дека тој веќе не зависи само од нас, ниту од реформите и од сè друго, зависи од ситуацијата во Европската унија плус сè она што мора да направиме. Но, мора да го зајакнеме нашиот однос со САД, со Кина која се покажа како искрен пријател во претходниот период, и со Русија од која отсекогаш сме имале поддршка во смисла на зачувување на нашиот територијален интегритет, кажа Вучиќ, кој додаде дека е важно Србија да „разбере добро” што се случува во светот, затоа што работите се менуваат со „драматична брзина”.

Говорејќи за Косово, Вучиќ рече дека „сите мислат дека имаат право да зборуваат за решение”.

– Нема кој се не ни одржа лекција за потенцијалното и можно решение на „косовскиот јазол”. Бидејќи секој од нив е веројатно повеќе заинтересиран од Србите и Албанците, секој од нив мисли дека има повеќе права, секој од нив мисли дека ние сме незрели луѓе на кои треба да им се објасни какво треба да биде решението, кажа Вучиќ.

Според него, Србија ќе работи на зајакнување на нејзината пазарна позиција и натамошно зајакнување на економијата и економското влијание во регионот и на тој начин може да им помогне на „Србите кои живеат надвор од границите на Србија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот