Вучиќ: Србија не е близу до вонредна состојба

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Сараево изјави дека смета дека Србија не е близу до вонредна состојба, што вчера ја бараа членовите на медицинскиот дел на Кризниот штаб, но оцени дека лекарите се во право кога велат дека граѓаните треба да бидат подисциплинирани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Да не претпоставувам, владата ќе одлучи, кажа Вучиќ и оцени дека сите се однесуваат неодговорно, но дека луѓето се „заситени” од сè и незадоволни затоа што сакаат да работат.

– Ќе ги замолам Владата, Ана (Брнабиќ) и министерот за финансии, веќе разговарав со министерот за здравство да изградат уште една ковид болница во околината на Нови Сад. За да можеме да имаме уште поголем капацитет. Тестираме многу, помеѓу 15.000 и 20.000 луѓе на ден, така што мислам дека имаме пониска стапка на смртност од другите земји во регионот. Расте малку побавно отколку во ноември и декември, а тоа е само благодарение на вакцинацијата. Денеска се ревакцинирани 530 илјади лица, а денеска и утре вкупно еден милион вакцинирани. Верувам дека со пристигнувањето на 500.000 нови вакцини в петок, ќе можеме да ги потиснеме овие проблеми, но мора да бидеме подисциплинирани, а лекарите и епидемиолозите се во право кога тоа го кажуваат, изјави српскиот претседател.

Вучиќ по повод чекањето на вакцините од програмата Ковакс кажа: „Ви благодарам, кога и да дојдат во Србија. Можам само да кажам дека не ми е гајле, ние работевме и без тоа”.

На критиките дека „Србија ја врши работата на ЕУ” кога сите ги снабдува со вакцини, Вучиќ кажа дека „не му паѓа на памет да ја врши работата на ЕУ”.

– Ние се однесуваме нормално, како соседи и пријатели. Не бараме ништо повеќе, дури ни благодарност и замислете ја таа дрскост во тезата што сега ја наведовте дека кога ЕУ ќе донира нешто, тогаш тоа е солидарност и добро, а кога вие ќе го направете, тогаш тоа е доминација, каква е тоа болест, оцени тој.

Со забелешка дека веројатно зборува на јазик што не е политички, тој додаде: „Јас сум заситен од овие шупливи приказни дека кога некои луѓе прават една работа тогаш тоа е прекрасно, а кога вие ќе го сторите тоа, тогаш ништо не е вреди. Од Еу се надевавме на вакцини, но не ги добивме, кажа Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот