Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека поради инвестицијата во Институтот Торлак, Србија ќе стане „суперсила“ во производството на вакцини, не само на руската вакцина против коронавирусот Спутник V, туку и на нова, четиривалентна вакцина против грип.

Вучиќ за телевизијата Б92 изјави дека 20 милиони евра се „издвоени веднаш“ преку Канцеларијата за јавни инвестиции за реновирање на зградата на „Торлак“, а потребни се уште 18 милиони евра за машините за пакување вакцини.

„Инвестицијата во опрема за четиривалентната вакцина против грип е 100 милиони евра“, рече Вучиќ, додавајќи дека ваквата вакцина нема да започне да се произведува веднаш, но оти „верува дека можеме да ја добиеме за четири години“.

Тој рече дека и кинеската вакцина на Синофарм против коронавирусот ќе се произведува во Србија.

Говорејќи за почетокот на производството на руската вакцина против коронавирусот, Вучиќ рече дека поради тоа не добил критики од ЕУ.

„Не верувам дека им пречи, но не сум сигурен дека се воодушевени“, рече Вучиќ и додаде дека е „добро“ Србија да биде „на европскиот пат“.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот