Вучиќ: Состанок во Париз 99 отсто нема да се одржи

фото: Курир.рс

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денeска дека со 99 отсто сигурност може да каже дека состанок во Париз нема да се одржи.

– Мислам дека Албанците не се подготвени да разговараат за важни работи, дека на посебен начин сакаат да испратат порака до Германците и до Французите дека не се Европјаните тие кои треба да го решаваат косовскиот проблем – изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека Србија се однесувала конструктивно, сериозно и сака дијалог и конструктивно решение, но не сака да влегува во разговори со кои може да каже дека однапред потпишале независност, а дека за царините не може да се зборува. Според него, Приштина не сака дијалог и сака со се да управуваат САД и никој друг.

– Мислам дека нивната одлука е да не се одржи состанок – нагласи Вучиќ додавајќи шансите се помали од еден отсто Албанците да прифатат да се разговара за царините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот