Вучиќ собра над 150 илјади луѓе во Белград (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Курир.рс

Во Белград заврши кампањата „Иднината на Србија“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според проценките на завршниот митинг, во Белград присуствувале над 150 илјади луѓе од цела Србија.

Како што пишува српски Курир, на митингот присуствувале не само Срби од Србија, туку и од регионот и дијаспората, кои со часови пред почетокот на митингот пристигнувале во Белград.

На митингот освен Вучиќ се обрати и членот на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додиќ, премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Пред присутните се обрати и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот