Вучиќ смета дека вчерашните протести пред РТС биле незаконски

Фото: Твитер/Еден од пет милиони

Организаторите на протестот „Еден од пет милиони“  во Србија и граѓаните синоќа се собраа пред зградата на РТС, поради најавеното гостување на Александар Вучиќ во емисија, и рекоа дека сакаат да му постават неколку прашања, но по иницијалните мали инциденти, ситуацијата потоа се смири.

Претходно ситуацијата стана тензична откако едната група извикуваше „Ацо Србине“, а другата „Вучиќ лопов“, додека се појавија и пароли против опозициските политичари.

Двете групи, кои ги разделуваше полицијата, се разотидоа додека се емитуваше програма на српската телевизија каде што Вучиќ беше гостин.

Притоа не дојде до блиска средба меѓу демонстрантите и претседателот на Србија кој изјави дека влегол во телевијата на спореден влез.

Тој додаде дека му е жал што пред зградата на Радио телевизија Србија дошло до непотребни кавги меѓу претставници на иницијативата „Еден од пет милиони“ со, како што рече,околу 30 негови приврзаници.

Вучиќ оцени дека собирот пред радиотелевизијата бил незаконски и оти со него се испраќало лоша порака кај меѓународната заедница.

– Мораме да реагираме повнимателно и да не прибегнуваме кон провокации – рече Вучиќ, додавајќи дека тоа не е иднина на Србија и оти сака да се бори за нормална земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот