Вучиќ: Се сомневам на една личност дека го пишувала нон пејперот

Александар Вучиќж / Фото: Архива

За српскиот претседател Александар Вучиќ во таканаречениот „нон-пејпер” за Косово, што го објави приштинскиот весник „Коха диторе”, има „многу работи” што би ги посакале Србите, но и дел за признавањето на Косово, за кое тој смета дека е „страшно за Србите”.

Вучиќ оцени дека „нон-пејперот” го составил „некој многу паметен”.

Приштинска „Коха диторе” објави наводен нон пејпер: Автономна област Север Косово, посебен статус за СПЦ

– Гледам дека сите негираат, но овој вториов ми создаде повеќе грижи од првиот нон-пејпер затоа што ова е напишано и измислено од некој многу паметен. Напишано е од некој што е фантастичен познавач и тоа се околу 50 луѓе во светот…Се сомневам на една личност стои зад тоа. Станува збор за фантастично паметна жена, рече Вучиќ.

Тој додаде дека само ќе ги анализира политичките мотиви на таквиот текст, имајќи предвид дека, како што рече, дијалогот со претставниците на Приштина започнува „дури” на 11 мај. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот