Вучиќ се премисли за полицискиот час: Синоќа бевме сведоци на најбруталното политичко насилство во последниве години
Слободен печат
Пред
Синоќа бевме сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години, изјави во своето обраќање до нацијата претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод синоќешните немири пред националното собрание во Белград.
Според него, на политички непријавениот протест, како што го нарече, членови на десничарските, екстремистичките и профашистичките организации го нападнале собранието, а повеќе часа ја напаѓале и полицијата.
-Јасно е дека собирот беше ораганизиран од криминалното подземје, но и од странскиот фактор – кажа Вучиќ.
Тој ги повика сите луѓе во земјата да бидат одговорни и ги замоли да не излегуваат на вакви собири, не заради нешто друго, бидејќи, не им се плашел, туку заради кризата од коронавирусот, која повторно има високи бројки на заразени и умрени.
Вучиќ, исто така најави дека по препораки на епидемилозите, сепак, ќе има заострување на мерките, посебно во Белград, но и рече дека можеби и нема да има полициски час, од петок до понеделник, како што вчера најави.
Во меѓувреме, на социјалните медиуми се споделуваат повеќе снимки на кои може да се воочи полициска бруталност.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се најдоа среде изборен молк, а изборите се неизбежна тема во последно време, па мораа да одат од околу. Освен констатираната здодевност на претседателската кампања воопшто, двајцата „политиканти“ се „произнесоа“ во свој стил за претседателската дебата. Онаа маратонска, со сите седум кандидати. Добиј ги …