ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ЗНАЕ КИНЕСКИ: Ќе направиме сѐ за да се почувствувате како дома (ВИДЕО)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес му се обрати на претседателот на Кина, Си Џинпинг, но и на целиот кинески народ на кинески јазик и така потврди дека кинескиот лидер ќе го посети нашиот северен сосед во април оваа година, пренесува „Блиц“.
– Сакам да му се заблагодарам на претседателот Си на неговото водство, како и на кинескиот народ на нивното пријателство и на сѐ почестите посети во Србија. Кина е еден од нашите најголеми партнери и ќе направиме сѐ за да се почувствувате како дома – истакна Вучиќ на неговиот Инстаграм-профил.
Тој исто така додаде дека му е задоволство што претседателот Си ќе ја посети Србија на крајот на следната недела.
Вучиќ неодамна доби повик да ја посети Кина од кинескиот претседател, а повикот му го пренесе амбасадорката на земјата во Србија, Чен Бо.