Вучиќ: Се обидуваме да купиме ловци-бомбардери

Наведувајќи дека ситуацијата во военото воздухопловство и противвоздушната одбрана е многу подобра отколку што била претходно, Вучиќ рече дека во моментов се на располагање десет ловечки авиони МиГ-29.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се започнати „одредени иницијативи” за зајакнување на српското воено воздухопловство, особено бомбардерските компоненти.

Тој рече дека ќе се зајакне и капацитетот на противвоздухопловната одбрана.

– Во голема мерка ја обновивме бомбардерската авијација, денес имаме десет „Орли “, исто така имаме„ Супер галеби Г-4 “што можеме да ги користиме во тие  акции, но тоа мора да биде многу повеќе. Ќе гледаме да купиме ловци-бомбардери кои се способни да водат блиска борба во воздух но и да дејствуваат против цели на теренот, изјави Вучиќ пред новинарите по посетата на припадниците на 15-от тенковски баталјон на српската војска во Сремска Митровица.

Наведувајќи дека ситуацијата во военото воздухопловство и противвоздушната одбрана е многу подобра отколку што била претходно, Вучиќ рече дека во моментов се на располагање десет ловечки авиони МиГ-29 и најави дека за „два или три месеци” тој број ќе се зголеми на 14, откако ќе бидат доставени уште четири авиони од Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот