Вучиќ: Размислуваме да дадеме помош од 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ најави помош на претприемачите, но рече дека само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера вечер ги претстави мерките за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.

– Имаме пари за економијата, а имаме и за нешто друго. Размислуваме да им дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра – вели претседателот на Србија.

Вучиќ најави помош на претприемачите, но рече дека само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

– Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец. На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните компании, ќе платиме минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен, рече претседателот.

Вучиќ исто така напомена дека доколку однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да и предложи на владата воведување на 24-часовен полициски час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот