Вучиќ разговараше со Кисинџер по честитката од Бајден 

Претседателот на србија Александар Вучиќ разговарал денес со поранешниот американски државен секретар и поранешен советник за национална безбедност Хенри Кисинџер, пренесе агенцијата Бета.  

Имав извонредна чест да учествувам на ексклузивна затворена сесија со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер’, напиа Вучиќ на својот инстаграм профил. 

Кисинџер беше советник за американската национална безбедност од 1969 до 1977  година. Добитник е на нобеловата Награда за мир.

Овој разговр на Вуќиќ следи отакако викендов новиот американски претседател Џозеф Бајден му го честиташе Денот на државноста на Вучиќ и поска тој да го признае Косово.

„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европските интеграции и ве охрабруваме и понатаму да продолжите да преземате тешки чекори кон таа цел, вклучително и воведувањето на неопходните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“ , порача американскиот претседател Бајден во честитката до претседателот Вучиќ, а јави МИА од Белград.

Бајден му го честиташе Денот на државноста на Вучиќ и посака да го признае Косово

Српскиот претседател се заблагодари на честитките од Бајден, и кажа дека меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт.

„А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков, изјави Вучиќ.

Вучиќ му одговори на Бајден: Меѓусебно признавање со Косово не стои во ниту еден акт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот