Вучиќ пуштен од болница, ќе прима домашна терапија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Радио телевизија Србија утрово објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е пуштен од болница.

Додека советничката на српскиот претседател за медиуми, Сузана Васиљевиќ синоќа за ТВ Пинк изјави дека Александар Вучиќ поминал два дена на апарати, но дека е малку подобро.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа додаде дека се надева дека Србија ќе ја надминеме „оваа, скоро па трагедија”.

– Тој беше толку лошо што самиот побара да го однесат во болница – изјави Васиљевиќ, додавајќи дека се надева оти Вучиќ ќе почне малку повеќе да ги слуша лекарите и да зема терапија.

Српскиот претседател Вучиќ во петокот попладне беше примен на ВМА поради кардиоваскулрани проблеми, а во саботата порача дека ќе биде во „целосен работен погон” почнувајќи од понеделник.

Министер за здравство, Златибор Лончар вчера изјави дека српскиот претседател има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите и дека по приемот на ВМА е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот