Вучиќ предложи формирање на две нови министерства и ги откри предизвиците за идната Влада

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за нов мандатар, но и извести за предлозите кои ги дал на денешната седница на Претседателството на СНС.

– Предложив да се воведат уште две министерства. За човечки права, родова еднаквост и социјален дијалог, како и министерство за семејство, деца и демографија. Другата идеја е 50 отсто од членовите на Владата да бидат жени, рече Вучиќ. 

Српскиот претседател истакна и дека Србија се гордее со тоа што е слободна и независна, дека се наоѓа на европскиот пат и дека ќе ги чува своите пријателски односи и со Кина, и со Русија, но и со Западот.

Претседателот на Србија истакна кои предизвици ја чекаат новата Влада, набројувајќи три основни:

– Најголемите предизвици пред нас се притисоците заради Косово и обидот да се присили Србија да го признае таканареченото Косово, а да не добие ништо за возврат. Тука е и здравствената ситуација и како ќе се реагира кога короната ќе биде посилно присутна. Третиот предизвик е како во време на затворени граници да успееме да ја одржиме економијата, рече Вучиќ.

Ана Брнабиќ е мандатар на новата српска Влада (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот