Вучиќ пред состанокот на српскиот Кризен штаб: Ќе има поостри мерки

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во официјална посета на Абу Даби, истакна оти очекува поостри епидемиолошки мерки во земјата по состанокот на Кризниот штаб.

– Кога станува збор за состанокот на Кризниопт штаб, секако дека ќе има поостри мерки, најави Вучиќ.

Тој нагласи дека смртноста од вирусот е зголемена и ги замоли граѓаните на Себија да се вакцинираат.

Вучиќ изрази загриженост, бидејќи податоците што ги добил од Батајница укажуваат дека голем дел од новозаболените лица во земјата се носители на новиот британски сој на коронавирусот.

– Ги молам луѓето да внимаваат и да се чуваат и што поскоро да одат да се вакцинираат, порача Вучиќ од Абу Даби.

Српскиот претседател повтори дека во земјата ќе се произведуваат вакцините на кинески „Синофарм“.

– Многу значи што Србија ќе произведува две вакцини – една векторска, а другата од умртвен вирус што е, можеби, најприродна. Вложуваме многу и ќе вложуваме многу, но тоа и дава голема сила на Србија. Тоа ќе даде сила и олеснување и на целиот регион, нагласи Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот