Вучиќ пред 100.000 луѓе во Белград: Го покажавме српското единство (ВИДЕО)

Фото: Курир.рс

Со емитување на видео спотот за кампањата на српскиот претседател Александар Вучиќ и со интонирање на химната, почна митингот во Белград .

Како дел од кампањата ,,Иднината на Србија”, прва се обрати премериката Ана Брнабиќ ,а потоа и шефто на дипломатијата Ивица Дачиќ. На просторот пред собранието се собраа над 100.000 луѓе од кои повеќето донесени со автобуси од внатрешноста на Србија. Во неформалниот дел на собирот настапи Аца Лукас и Бора Чорба со неговиот бенд.

Со автобуси од Косово доаѓаат околу 7.500 луѓе, од централна Србија 90.000 и 35.000 од Војводина. Само од Лесковац утрово тргнаа 4.500 припадници и симпатизери на партијата на Александар Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот