Вучиќ поради медиумската хајка против него нема да оди во Загреб

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на Србија и лидер на Српската напредна странка (СНС) Александар Вучиќ одлучи да не учествува на Конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Загреб, кој ќе се одржи на 20 и 21 ноември. Тој за одлуката писмено го извести претседателот на ЕПП, Џозеф Даул, пренесе српски „Блиц“.

Вучиќ на првиот човек на ЕПП во писмото му се заблагодарил на повикот да се обрати во Конгресот во Загреб, на кој е повикан како претседател на СНС, наведувајќи дека причината поради која одбива да оди во Хрватска е медиумската хајка која се води против него од страна на хрватските медиуми.

Лидерот на српската владеачка СНС наведе дека подготвил „сериозна анализа на настаните во регионот, како и она што сите заедно би морале да го направиме во наредниот период“, оценувајќи дека минатите недели трае „вистинска медиумска хајка против него“ во сите хрватски медиуми.

– Сакам да додадам дека немаше никакви вистински причини за таков тип на хајка, нема ни да ги има, освен што одредени кругови во хрватското општество не можат да се навикнат на силната улога на Србија и на фактот дека Србија економски се подига, а политички веќе не е на колена – наведува Вучиќ.

Вучиќ во писмото истакнува и дека како најважен дел од неговата политика останува „пружање на рака и отворени врати за подобри односи меѓу Србите и Хрватите, меѓу Србија и Хрватска во иднината“, но наведува дека истовремено на ниту еден начин не сака да влијае на „дополнително влошување на полжбата на Србите во Република Хрватска“, и дека поради претходно наведеното нема да го посети Конгресот на ЕПП во Загреб.

Изразувајќи надеж дека односите на Србија и Хрватска ќе бидат многу подобри во иднина, Вучиќ го повика Даул еден од следните важни настани на ЕПП да го организира во Србија, „каде сите се добредојдени и каде ниту против еден член на ЕПП не се води никаква хајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот