Вучиќ порача дека Србија и Косово се далеку од заедничко решение

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ пред лидерите на самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, јасно истакна дека Белград и Приштина долги години се далеку од можно решение.

Тој порача дека не може другите земји да им држат лекции за проблемот.

„Ние прифативме се од Европската Унија, а сега сме заглавени, и ова ќе трае, но се надевам не засекогаш“, заклучи Вучиќ.

Во исто време, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ оцени дека однесувањето на домаќинот каде нејзините претставници говореле за укинување на границата со Косово и спојување на три општини од југот од Србија на територијата на земјата заслужува отра реакција од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот