Вучиќ понуди помош за Албанија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска упати писмо со сочувство до претседателот и премиерот на Република Албанија, Илир Мета и Еди Рама, по повод силниот земјотрес што ја погоди земјата и понуди помош во санирање на последиците.

– Со тага ги гледаме сликите од урнатините во Драч и другите места во Албанија. Дозволете ми Вам и на семејствата на загинатите да упатам искрено сочувство, како и да изразам сочувство со оние кои ги бараат своите најблиски- напиша Вучиќ.

Тој наведе дека е тешко да се предвидат такви катастрофи и да се запре немилосрдната сила на природата.

– Ако Србија може да помогне на кој било начин, ние сме подготвени, во рамките на нашите можности, да пружиме секаков вид помош во отстранување на последиците од катастрофалниот земјотрес, се вели во писмото на Вучиќ.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот