Вучиќ: Поддршка до Макрон, силната Франција успешно да се справи со тероризмот

Фото: Инстаграм

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испрати зборови со поддршка до францускиот претседател Емануел  Макрон, по убиството на учителот во Париз.

– Поддршка за претседателот Емануел Макрон и народот на Франција за силната француска држава успешно да се спротивстави на опасноста што ја носи тероризмот – наведе претседателот на Србија во објавата на својот профил на Твитер.

Вучиќ и порача на Франција да смета на пријателска Србија, велејќи дека ова злосторство мора да го наведе целиот свет да биде обединет во одбраната на заедничките цивилизациски вредности.

Макрон за вчерашниот напад: Терористите нема да ја поделат Франција (ВИДЕО)

Мажот кој го уби средношколскиот наставник бидејќи на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед, ја „гаѓал“ слободата на изразување, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон при посетата на местото на нападот во париското предградие Конфлан Сент-Онори.

Брутален терористички напад во Париз: Викнал „Алаху акбар“ и му отсекол глава на наставник (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот