Вучиќ: Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните, објасни Вучиќ.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа на ТВ „Пинк” изјави дека од вторник полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Тој кажа дека од следната недела сите занаетчиски дуќани ќе бидат отворени, а од 27 април и сите други продавници ќе бидат отворени.

-Фризерските салони, салоните за убавина и спортски теретани ќе почнат со работа по 27 април, но со посебна заштита. Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај, но со правење на оддалеченост. Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните “, објасни Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот