Вучиќ откри кога ќе се заврши со работата на автопатот кон Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска при обиколка на градежните работи на мостот на реките Сава и Колубара кај Обреновац, говорејќи за повеќе градежни активности во Србија најави дека во средината на мај ќе заврши градбата на автопатот кон Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

– До средината на мај ќе завршат работите во Грделичка клисура, со што, конечно ќе биде завршен јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија, а за месец дена ќе биде отворен и автопатот меѓу Обреновац и Чачак – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека за еден месец комплетно ќе биде отворена и источната делница на автопатот од Коридорот 10 кон Бугарија, што во целина ќе ја измени сликата на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот