Вучиќ од Париз: Мислам дека конечно паднаа сите маски!

Александар Вучиќж / Фото: Архива

„Ќе му порачам на народот на не се секира, добар дел од хулиганите ќе биде уапсен, ќе мора да одговараат за своите злодела и во тоа нема никаков сомнеж. Мислам дека конечно паднаа сите маски, можете да го замајувате некого секој ден, но потоа го гледаме вистинското лице. Кога дојде до меѓусебна пресметка тој кој забоде некого и побегна кај полицијата и побара помош, тоа се сите оние кои напаѓаа полицајци. Тие се уапсени и пружена им е медицинска помош“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ од Париз.

– Полицијата се тргна веќе три дена, дочекаа можност, ја урнаа оградата, фрлаат камења, факели, а полицијата едвај и да стои до влезот во Собранието, реагираа дури кога дојдоа до вратата, вели Вучиќ.

Коментирајќи ги протестите, тој изјави дека станува збор за „чист тероризам”.

Според него, 95 отсто од народот е против немири на улиците.

– Никој нормален не го прифаќа тоа. Видовте некои поранешни пратеници кои грабаат од народот. Нема никој да дојде на власт со насилство, туку само на избори. Ги молам луѓето да не излегуваат на протести, за да не завршат в болница, нагласи српскиот претседател.

Вучиќ вечерва ги пофали полицајците, војската, но и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој изрази надеж дека ќе „победи пристојна и модерна Србија”.

– Вечерва ги пуштивме на еден метар од влезот на Парламентот. Тогаш почнаа апсењата, изјави шефот на српската држава.

Вучиќ се осврна и на ситуацијата со коронавирусот.

– Денешниот биланс е резултат од пред пет дена. Како дојдовме до тоа? Со чија неодговорност? Оние кои ги бојкотираа изборите ги повикуваа вечерва луѓето да го затворат автопатот кај Нови Сад, тоа е чист тероризам. Немојте да го загрозувате здравјето на луѓето, секоја вечер организирано да заразувате одреден број луѓе. Државата не дозволи одржување на овие протести, истакна Вучиќ.

Во Белград и вечерва се одржаа протести, кои преминаа во насилни, и покрај апелите да не се ризикува натамошно зголемување на заразени со коронавирус, но и покрај епидемиолошките мерки, вклучувајќи забрана за собири на повеќе од десет лица на отворено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот