Вучиќ: Очекувам до 2026 година Србија да стане членка на ЕУ

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се наоѓа во посета на Брисел каде се состанува со претставниците на Европската Унија.

„Имавме многу важен разговор. Една од суштинските работи во нашата политика мора да биде за забрзување на европските интеграции, за што и денеска разговарав со претставниците на ЕУ“, изјави тој.

Тој најави продолжување на дијалогот и забрзување на европските интеграции на Србија, како и дека очекува Србија до 2026 година да биде членка на ЕУ.

„Уверен сум дека со оптимизам влегуваме во нова фаза со односите со ЕУ. Верувам дека до крајот на мандатот на новата влада ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, што значи дека би било реално до 2026 година да станеме држава членка на ЕУ. Тоа е мое мислење, мое надевање“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен била многу подготвена и дека и е благодарен за вниманието кое го посветила на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот