Вучиќ очекува заеднички притисок од САД и ЕУ за Косовското прашање: На Србија ѝ претстои „тежок период“

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека може да се очекува „заеднички притисок на ЕУ и САД” врз Србија во врска со прашањето на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

По седницата на Претседателството на Српската напредна партија (СНС), Вучиќ кажа дека на Србија и претстои „тежок период” во кој, како што оцени, ќе биде изложена на „сите можни притисоци, кампањи и невистини”.

– Важно е да ја разбереме тежината на позицијата во која се наоѓаме сега, особено по промената на американската администрација. Треба да очекуваме концентриран притисок од ЕУ и САД кон Србија да ги исполни барањата за, како што отворено вели Вашингтон, признавањето на Косово, додека ЕУ ќе користи малку поинаков вокабулар, но ќе оди кон истата цел, кажа Вучиќ.

Тој оцени дека ќе има обиди за одземање на надлежностите на властите на Република Српска (РС).

– Кога на тоа ќе го додадете целиот регионален контекст во кој не е лесно да се зачува позицијата на Србија, која економски расте најбрзо … сите други ќе гледаат како да ја прогласат Србија за хегемон, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека се разговарало и за најавената посета на Мирослав Лајчак на Србија и дека се направени заклучоци за тоа „што може да стори Србија, што сака и што по никоја цена не ни паѓа на ум”, кажа Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот