Вучиќ очекува Србија да биде прва по стапката на економски раст во Европа

фото: Курир.рс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска рекол дека очекува Србија во последниот квартал да има пораст на Бруто домашниот производ (БДП) за 5,4 отсто и дека ќе биде прва по стапката на економски раст во Европа, пренесува Блиц.рс.

– Тоа значи дека брзо напредуваме и дека луѓето тоа ќе го почувствуваат во своите паричници – рекол Вучиќ и додал дека во третиот квартал од годината по економскиот раст во Европа само Унгарија е пред Србија.

Тој по отворањето на Белградскиот парк, Булевар Вудро Вилсон и улицата Николај Кавцов, во рамките на комплексот „Белград на вода“, укажал на напредокот на домашната градежна индустрија.

– Градежната индустрија, заедно со преработувачката, се тие кои го зголемуваат растот, а Србија е втора во Европа по висината на растот на БДП во третиот квартал годинава – додал Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот