ВИДЕО | Вучиќ објави како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија

Александар Вучиќ /Фото: ЕПА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на своите социјални мрежи објави видео во кое се гледа како ќе изгледа српската фабрика за вакцини.

– Вака треба да изгледа српската фабрика за вакцини што ја градиме со нашите партнери од ОАЕ и Кина. Наскоро ќе започне изградбата и на погон за производство на ПЦР тестови. Горд сум на Србија и нејзините достигнувања во медицината, фармацијата и здравството, напиша Вучиќ.

Во март, Вучиќ, за време на престојот во Абу Даби, објави дека во Србија во соработка со Обединетите Арапски Емирати и Кина ќе започне производство на вакцината за коронавирус на кинеската компанија „Синофарм”.

Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцините на Синофарм, кажа тој, додавајќи дека е договорено фабриката да биде завршена и да започне со производство на 15 октомври.

– Оттогаш за нас ќе имаме големи количини вакцини, но и за целиот регион, бидејќи ќе мора барем по буквална цена да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè што ние нашите луѓе ќе ги излечиме или дејствуваме превентивно не вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот