Вучиќ: Нема српско оружје во судирот меѓу Ерменија и Азербејџан

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли наводите дека во судирот меѓу Ерменија и Азербејџан се користи оружје од српските воени фабрики, но призна дека српска муниција користи и едната и другата страна.

„Се наслушав секакви гадости во последните 48 часа, како безмалку Србија е виновна за тој судир. Нема таму никакво српско оружје, ние само и на едните и на другите им продававме муниција, зошто тоа беше дозволено и зошто имавме енд јузер сертификат. Но, топови, тенкови, беспилотни летала и авиони – ништо од тоа не е наше“, рече Вучиќ, а пренесува Бета.

Тој рече дека тоа вооружување пристигнало од Русија, Америка, Турција и Франција но никому не му паднало напамет тие земји да ги обвини за судирот меѓу Ерменија и Азербејџан.

„Ние сакаме да завладее мир зошто тие за нас се два братски и пријателски народи и сакам тоа да престане, зошто мирот нема алтернатива“, рече тој.

Одговорајќи на прашање за гостувањето на фудбалерите на Црвена Звезда во рамките на Лига Европа во Ерменија против Арарат, Вучиќ рече дека ќе биде како што ќе каже УЕФА, но нему му изгледа како да има услови зошто мечот ќе се игра во Ереван.

„Не треба да ја користиме оваа ситуација за да добиеме некоја предност во фудбалска смисла. Ќе биде како УЕФА ќе каже но спортски е да се оди во Еревен и победи или загуби таму“, рече тој.

(Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот