Вучиќ: Нема признавање на Косово ако не добиеме нешто за возврат

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Нови Сад, изјави дека нема признавање на независноста на Косово, доколку Србија не добие нешто за возврат.

Прашан од новинарите како Белград ќе одговори на ултиматумот од Приштина, тој одговори: „Каков ултиматум? Ние да ги признаеме нив и за возврат да не добиеме ништо? Нема ништо од таа работа! Тие нека си ја вршат својата работа, ние нашата, и после ќе видиме кој ќе излезе поуспешен“, изјави Вучиќ, додавајќи дека во овој случај најбитно е да се чува стабилноста и мирот.

Тој потврди дека Вашингтон е сериозен во врска со укинувањето на таксите кон српските продукти и верува дека тој притисок ќе продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот