Вучиќ: Нема да ВОЈУВАМЕ, ќе го чуваме мирот по секоја цена! По денешниот напад на РОСУ ништо нема да биде исто! (ВИДЕО)

Фото: Немања Николиќ/курир.рс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати пред новинарите по дводневната дебата во Собранието на Србија за извештајот за Косово и Метохија и најновите случувања по упадот на единицата РОСУ на северот на Косово.

-Нема да војуваме, ќе го чуваме мирот по секоја цена! Никому не сум се заканувал со војна, само реков дека ќе го чуваме нашиот народ и нема да дозволиме нов прогон.
По денешниот напад ништо веќе нема да биде исто. Ќе имаме поинаков однос кон преговарачите и сите кои денес се правеа будали и говореа дека станува збор за борба против корупција или во прв момент не се јавуваа. Се јавија дури кога сфатија дека сме многу сериозни во намерата да го сочуваме нашиот народ, изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот