Вучиќ: Нема да одам за Бадник во Црна Гора

Сакав да одам, но нема ништо од тоа. Не сакам да давам причина за судири. Не сакам да му давам алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад на независноста и уставниот поредок на земјата, рече Вучиќ.

Јасно ви е дека во Црна Гора за Бадник нема да одам, иако таа посета ја подготвувавме, кажа престедателот на Србија Александар Вучиќ по утринската средба со патријархот на СПЦ, Иринеј, пренесе „Блиц“.

Како што објасни, идејата била да се оди до Плевлје, но сепак нема ништо од тоа зошто не сака „да им остави простор да ја обвинуваат Србија за што било“.

– Сакав да одам, но нема ништо од тоа. Не сакам да давам причина за судири. Не сакам да му давам алиби на црногорскиот режим дека тоа е напад на независноста и уставниот поредок на земјата, рече Вучиќ.

Тој рече дека клучна порака до Србите во Црна Гора е „дека сме единствени и сакаме
мир“.

– Постојат многу кои ќе кажат дека нема потреба српскиот народ да се издвојува од останатите, дека не мора да пишува дека се од српска националност. Сметав дека треба да го зачуваме опстаникот на српскиот народ во Црна Гора, и на жестоката кампања за асимилација на Србите да одговориме со пристојност, рече Вучиќ.

Тој кажа и дека обвинувањата на црногорскиот премиер Душко Марковиќ за палањето на црногорското знаме кое го нарече „запрепастувачко однесување“.

– А не е запрепастувачко што донесовме 1.000 полицајци да ја штитат амбасадата, што не го прашавте наросот кога го признававте Косово, што своите делегации ги испративте на прославата на „Олуја“…Па сега се дрзнавте да кажувате дека не сме ја заштитиле амбасадата, а и лажевте дека луѓето сакале да влезат внатре, рече Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот