Вучиќ: Не сум се сретнал никогаш со Курти, не ме фасцинира неговиот марксистички пристап

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Вучиќ вели дека меѓународната заедница не знае кое е решението за дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека не е оптимист во однос на прашањето за продолжување на дијалогот со Приштина, и причина за тоа според него не е само не формирањето на владата во Косово.

– Тоа што беше императив, но не е повеќе, најмногу поради интересите на големите сили кои беа поважни од интересите на малите балкански народи – рече Вучиќ во интервју за српскиот весник Блиц.

Вучиќ вели дека меѓународната заедница не знае кое е решението за дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Вучиќ коментираше дека никогаш во животот не се сретнал со Албин Курти и додаде дека не е фасциниран од неговиот марксистички пристап.

– Во секој случај би бил против тоа што он го вели и во економски аспект, камо ли за односите помеѓу србите и албанците – истакнал Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот