Вучиќ: Не сме од Господ создадени!

Мораме да се промениме и да го надмнинеме ставот дека ние сме од Господ создадени, а дека сите други се против нас, порача срспскиот претседател Александар Вучиќ по заедничкиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон со младите од западно-балканската „шесторка“.

Вучиќ очекува продолжување на дијалогот со Приштина да биде во септември и тоа повторно во Париз каде што претходниот пропадна на први јули. При тоа рекол дека ќе продолжи да се залага за компромис.

„Потребно е време за некои работи да се зборува. Не сакам да барам вина на другата страна, но ајде да почекаме голрмите сили да го направат своето, па потоа ние ќе видиме што е наше“, рекол Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот