Вучиќ: Не разговараме за статусот на Косово без укинување на таксите

Фото: МИА

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Минхен изјави дека Белград нема да разговара за статусот на Косово, се додека не се укинат таксите од страна на Приштина.

– Ние може да разговараме за работи кои се однесуваат на економскиот просперитет, за овие работи немаме проблеми, но нема да разговараме за статусот се додека не се тргне таксата. Така е работата и ние чекаме да се укинат таксите-, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето на новинарот на Ал Џезеира во Минхен.

Прашан дали ќе се сретне со претставници на косовската администрација, Вучиќ потсети дека денеска Хашим Тачи присуствуваше на настанот на потпишување на документите за железниците и дека се сретна со неколку претставници на неговата делегација. Вучиќ рече дека не знае дали во Минхен ќе дојде и Албин Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот