Вучиќ не планира да ѝ се додворува на ЕУ

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ на новинарско прашање рече дека нема намера да се додворува на некого во ЕУ.

– Немам намера да се удворувам и улизувам на некој во ЕУ. Сите сакаме да бидеме дел од ЕУ, тоа не се променило. Тие нам ни се допаѓаат, но дали ние им се допаѓаме. Не можеме да кажеме дека немаме алтернатива. Ние ова го правиме заради нашите граѓани, нашите луѓе. Мене ме интересира се што можам да направам за жителите на Србија. Доколку е добар животот за сите во регионот, ќе биде и за Србија. Сите ќе имаме голема корист од ова. Ако успееме да ги издржиме притисоците и лагите. Онака како што го напаѓаат Рама дека ќе биде во Југославија. Така мене ми викаат дека ќе правам голема Албанија. Што имате против тоа побрзо да поминува се. Ниту една работа во проектот не може да му пречи на некого. Од нашите земји луѓето бегаат. Јас нема да се правдам, бидејќи ми е најчиста совеста. Ние се наоѓаме на европскиот пат, знаеме да бидеме реални. Кога бев мал ми се допаѓаше една глумица која живее некаде во Холивуд. Се мислев како да дојдам до нејзе, а она никогаш не слушнала за таква будала. Така е со ЕУ. А да не водат од еден состанок до друг, па ние да му објаснуваме на нашиот народ. Утре ќе се видам со Макрон, а потоа ќе имам тет а тет состанок со него, и ќе го прашам за Заев и за Рама и ќе го молам за поддршка. Од Макрон ќе побарам на најотворен наин поддршка како и од ЕУ и од Америка. Ова е нешто најдобро што сме направиле во последните 30 години – рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот