Вучиќ: Наредните денови очекуваме нови повлекувања на признавања на Косово

Тој додал дека Србија е спремна за разговори, ако Приштина ги укине таксите.

САД не бараа никаков услов од Србија во замина за укинување на таксите на Приштина, изјави вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Вашингтон.

Вучиќ на новинарите им рекол дека Србија ќе ја запре дипломатската акција на „одпризнавање“ на независноста на Косово, ако и кога Албанците ќе престанат да бараат Србија да го признае Косово.

– Немојте да барате признавање, ние нема да спроведуваме одпризнавање. Но, тие никогаш не сакаа тоа да го прифатат, истакнал Вучиќ и додал дека Приштина смета дека дипломатската акција на Србија на одпризнавање ја „навредува нивната позиција на независна земја“.

Ако тоа ја навредува нивната позиција, како тогаш бараат ние да го прекинеме тоа што тие го прават секој ден, прашал Вучиќ и додал дека и понатаму Србија ќе има такви помали или поголеми успешни дипломатски активности.

Тој додал дека Србија е спремна за разговори, ако Приштина ги укине таксите.

– Кога ќе ги повлечат таксите, спремни сме да збориме за суштинските работи, изјавил Вучиќ за новинарите во Вашингтон.

Истакнал дека е важно да се види во кој правец за тоа размислуваат и Ричард Гренел и Роберт Обрајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот