Вучиќ најавува можен 24 часовен полициски час (ВИДЕО)

Претседателот Вучиќ ќе предложи да се прошири полицискиот час на Владата од 5 до 17 часот, изјави тој на конференцијата за медиуми.

Председателот рече дека ќе ги предложи овие мерки на премиерката Ана Брнабиќ.

– Не ме терајте да воведам полициски час 24 часа на ден. Видете ја Италија – 793 луѓе починаа во текот на денот. Дали луѓето разбираат што се случува? Не го велам ова заради политика. Ве молам, не ги напуштајте домовите. Ако луѓето не останат во домовите, полицискиот час може да биде уште во 14 часот во понеделник и можеби 24 часа после тоа – рече тој.

Ова е најтежок ден за Србија, имаме 36 нови случаи на заболени од коронавирусот, вкупно 171 лице е заболено и овој број ќе расте сè додека не го смениме однесувањето, изјави српскиот претседател Александр Вучиќ на денешната прес конференција за состојбата со епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград.

-На Владата ќе и предложам нова остра мерка, од утре да се продолжи полицискиот час, наместо од 20 часот, тој да почне од 17 часот до 05 часот наутро. Ве молам разберете луѓе, ова е потребно за да преживееме, кажа Вучиќ.

Тој побара граѓаните да не излегуваат од дома, за да не мора уште повеќе да го продолжува полицискиот час.

Вучиќ ги повтори денешните одлуки на Владата, за забраната на движење и во парковите и за дозволата за постарите од 65 години утре, во недела да можат да излезат од домовите, во периодот од 03 до 08 часот, за да можат да ги купат потребните намирници.

Српскиот претседател најави дека Србија ќе почне да произведува заштитни маски, квасец кој го нема во Србија, алкохол, натриум хипохлорид, а најави и голема медицинска помош со два авиони од Кина, помош од ОАЕ, Норвешка и други држави, најавувајќи дека се набавени и респиратори и околу 15 милиони маски.

-Доколку во Србија се случи италијанско сценарио, ние наскоро на Белградскиот саем ќе подготвиме центар со 3000 кревети и 5000 кревети во други центри во државата.

Вучиќ, во лутина кажа дека од 5 март во Србија се влезени 317. 854 лица, повеќето од нив знаејќи дека се заразени со коронавирусот, и ги замоли српските државјани да не доаѓаат во Србија, за, како што кажа да „се лекуваат во Србија, оти лекувањето е џабе”.

На прес конференцијата беше кажано и дека зголемувањето на заболените во Србија се должи на српските државјани кои доаѓаат во Србија и поради непочитување мерките за заштита и ограничување на движењето.

Obraćanje građanima Srbije povodom situacije sa korona virusom.

Obraćanje građanima Srbije povodom situacije sa korona virusom.

Publiée par Blic sur Samedi 21 mars 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот