Вучиќ најави укинување на годишниот данок на доход

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ќе се укине обврската за плаќање на годишен данок на доход за граѓани под 40 години, најави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, во обраќањето пред јавноста по новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.

Тој рече дека Србија е трета во Европа според економскиот раст, што изнесува, како што рече, 1,7 проценти.

Вучиќ изјави дека само Естонија и Луксембург се пред Србија.

Претседателот на Србија посочи дека очекува економскиот раст на Србија да биде највисок во вториот квартал и дека тој ќе биде некаде помеѓу 12 и 16 проценти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот