Вучиќ на средбата со делагација на Светска банка и за „мини Шенген”

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегација на Светска банка, предводена од регионалниот директор на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, за време на состанокот, Вучиќ и претставниците на Светска банка разговараа за напредок на агендата за економски раст, за програмата „Зелен раст” на Европската унија, како и за иницијативата за мини Шенген.

Српскиот претседател ги замолил претставниците на Светска банка да ја приближат иницијативата за регионалното економско поврзување (мини Шенген) до партнерите од регионот и да им ги презентираат економските придобивки што оваа иницијатива може да ги има за сите земји во регионот. Особено што првите анализи на Светска банка укажуваат дека воведувањето на мини Шенген би довело до големи заштеди во трошоците на трговската размена од дури 10 отсто до 14 отсто на годишно ниво, соопштија од кабинетот на српскиот претседател. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот