Вучиќ му го покажа глобусот на Макрон, подарок кој Митеран му го врачил на Лазар Мојсов во 1987 година (ФОТО)

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска допатува во Белград во дводневна посета во текот на која домаќин ќе му биде претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во палатата Србија се е подготвено за дочек на францускиот претседател.

UŽIVO MAKRON U POSETI BEOGRADU! KONFERENCIJA ZA NOVINARE U PALATI SRBIJA: Obraćanje Vučića i francuskog predsednika (KURIR TV)

Publiée par Kurir sur Lundi 15 juillet 2019

Во текот на посетата на Макрон ќе бидат потпишани 20 договори, од кои пет за наоружување и воена опрема.

Во палатата Србија се министрите на владата на Србија кои очекуваат да биде завршен разговорот во четири очи на Вучиќ и Макрон.

Вучиќ му го покажа на Макрон глобусот, подарок од поранешниот француски претседател Франсоа Митеран.

Моделот на глобус од 1985 година претседателот Митеран им го подарувал на шефовите на држави со кои Франција негувала добри дипломатски односи, а СФР Југославија била една од нив.

Глобусот кој се наоѓа во Палата Србија стигнал од Франција како дипломатски подарок кој Митеран му го врачил на тогашниот претседател на Претседателството на СФРЈ, Лазар Мојсов во 1987. година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот