Вучиќ му честиташе на Пендаровски со надеж за добра соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска упати честитка до Стево Пендаровски по повод изборот за претседател на Република Северна Македонија со очекување дека ќе воспостават добра соработка во сите области од заеднички интереси, Јави ТАНЈУГ.

„Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка“, се наведува во честитката на Вучиќ.

Српскиот претседател истакнува и дека „очекува посебно да се поттикне соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а за добробит на граѓаните на нашите две земји“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот