Вучиќ ќе бара помош од Американците за укинување на таксите од Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на меѓународната конференција во Братислава ќе бара од Сoединетите Американски Држави (САД) помош во тоа Приштина да ги укине стопостотните такси, пренесува Anadolu Agency (AA).

Вучиќ наведе дека на утрешната конференција во Братислава нема да има билатерален состанок со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

„Одам ослободен од секоја вина и одговорност за она што се случува на Косово“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија повтори и дека тој е за разграничување, но дека ја разбрал пораката на народот која е против тоа.

„Ние не сме подготвени да ја слушнеме вистината околу Косово, дури и кога сите ја знаат. Тоа луѓето не сакаат да го прифатат, бидејќи допира во нивните емоции“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател изјави и дека редовните парламентарни, покраински и локални избори ќе бидат одржани во март или во април 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот